Официјално: Шкупи повеќе нема да забрана од ФИФА

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкупи се огласи со ново соопштение во јавноста околу ситуацијата со забраната за трансфери по тврди дека ФИФА ја отстранила.

Шкупи ги подмири долговите, но сепак не успеа да ги регистрира фудбалерите кои пристигнаа во јануарскиот преоден рок и во вториот дел ќе игра со истиот ростер од првиот дел од сезоната.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека од денеска ФК Скопје и официјално повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА.

Како што објавивме претходно, сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети. Сепак, забраната не беше веднаш укината поради некои технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.

Овој процес, иако по наша волја, беше предизвик со кој сериозно и посветено се соочивме, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Заложбата на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој законски и процедурален чекор до конечното решение на случајот“, стои меѓу другото во соопштението од чаирчани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани