Официјално: Шаќири веќе не е тренер на Шкендија

by
1 минути читање

Лошиот старт на новата сезона во Првата македонска лига како и лошиот настап во Европа, се причината раководството на Шкендија да направи тренерска смена.

„Клубот и тренерот сметаат дека прекинот на меѓусебната соработка во моментов најдобро можно решение и за двете страни. ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Иако сезоната е на самиот почеток, во македонското првенство се сменети веќе тројца тренери, пред Шаќири отказ добија Седлоски од Шкупи и Стојчев од Академија Пандев.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×