Официјално: Мудрик е нов фудбалер на Челси

by
1 минути читање

Челси денеска го комплетираше трансферот на украинскиот фудбалер, сумата која ја плаќаат е околу 100 милиони евра.

„Михаило Мудрик го финализираше трансферот од Шахтар Доњецк во Челси откако клубот ги договори личните услови со него. Украинскиот фудбалер кој на почетокот од овој месец наполни 22 години, стави потпис на осум и пол годишен договор“, стои во соопштението на Челси.

Фудбалерот вели дека е среќен што потпишал за Челси иако информациите велеа дека Арсенал е неговиот прв избор.

„Пресреќен сум што потпишав за Челси. Ова е голем клуб во фантастична лига и е многу атрактивен проект за мене во овој стадиум од кариерата. Возбуден сум да ги запознаам новите соиграчи“, вели Мудрик.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×