67
Тоа што се
најавуваше подолг период, се оствари, Алваро Мората во наредните 18 месеци ќе
биде позајмен фудбалер од Челси во редовите на Атлетико Мадрид.
Гол објави дека
26 годишниот напаѓач уште во текот на минатата седмица ги договорил личните
услови со својот нов клуб, а според
сознанијата на специјализираниот фудбалски портал, се вели дека Мората прифатил
да заработува и помалку од тоа што го заработуваше во Челси, односно, под 120,000
евра на неделно ниво.
„Среќен сум што
ќе бидам дел од оваа екипа, едвај чекам да почнам со работа, да ги запознаам
моите нови соиграчи и да играм“ рече Мората.
Шпанецот во Челси
одигра 47 меча, на кои постигна 16 погодоци.