Официјално: Модриќ стави потпис на нов договор со Милан!

by riste
1 минути читање

Веќе нема дилеми, Милан денеска објави дека Лука Модриќ ставил потпис на нов договор со италијанскиот гигант.

Тоа што од претходно се знаеше, од денеска и официјално е ставено на хартија. Модриќ и во наредната сезона ќе игра за Милан.

„Милан со задоволство може да соопшти дека Лука Модриќ потпиша договор за уште една сезона, до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на клубот.

Модриќ беше клучен играч на росонерите од неговото доаѓање. Тој одигра 37 натпревари и постигна два гола, но беше вистински командант на теренот.

Хрватот ќе продолжи да го носи дресот со број 14 во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×