Пјатек имаше фантастичен почеток на сезоната во Џенова откако постигна 19 гола на 21 натпревар. Оваа негова статистика го привлече вниманието на големите клубови, а до неговиот потпис успеа да стигне Милан.
23-годишниот полски интернационалец во Џенова дојде ова лето од Краковија за само 4,5 милиони евра, па клубот на нашиот Горан Пандев од продажбата на Пјатек ќе заработи повеќе од 30 милиони евра.
Пјатек во Серија А има дадено 13 голови во 19 меча, и плус шест погодоци во два натпревари од Купот на Италија.
Тој утринава ги помина медицинските тестови со Милан, а вечерва го потпиша договорот според кој ќе биде росонер до јуни 2023 година.
На трансферот на Пјатек му претходеше заминувањето на Игуаин кој отиде во Челси.