Станковски се поврзуваше со Монца и Брага, но на крај заврши во турскиот клуб Газиантеп со кого потпиша четири ипол годишен договор.
„Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет. Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газијантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри и во Газијантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи и членови на Работнички, Елиф Елмас и Милан Ристовски, кои сега се стандардни членови на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија. Со својот квалитет и Лука Станковски го заслужува токму тоа и веруваме дека многу брзо ќе го оствари“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.