Официјално: Комплетиран е трансферот на Енцо во Челси, се израдува и Ривер Плата

by
1 минути читање

Челси се уште го нема потврдено трансферот на Енцо Фернандез, но тоа го направи Бенфика. Португалскиот клуб излезе со официјално соопштение.

Трансферот е комплетиран, Челси ќе плати 121 милион евра плус екстра трошоци.

Ривер Плата ќе добие 25 проценти од сумата, што е преку 30 милиони евра. Аргентинскиот клуб кога го продаде Фернандез на Бенфика, во договорот има дека ќе го добие овој процент од следната продажба на фудбалерот.

Енцо Фернандез потпиша осум ипол годишен договор со Челси, со трајност до јуни 2031 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×