Наполи и
официјално потврди дека Марек Хамшик ќе направи трансфер во кинески Далиан
Јифанг, а сумата која засега е неофицијална, се верува дека изнесува околу 20
милиони евра.
Заминувањето на
искусниот словачки интернационалец од редовите на италијанскиот прволигаш беше
потврдено со соопштение од клубот на официјалниот клупски сајт, а од таму
упатија и благодарност до фудбалерот за неговите залагања.
„Наполи го гушка
Марек Хамшик и му се заблагодарува за овие 12 прекрасни години минати заедно,
карактеризирани со огромна посветеност и длабоко чувство на припаѓање на дресот
на Наполи“ пишува во соопштението кое го објави Наполи.
Хамшик го урна
рекордот на Марадона на првото место на листата на стрелците во историјата на
Наполи со 121 гол, тој воедно е и лидер по бројот на настапите во клупската
историја на калчолигашот со 520 настапи.
31 годишниот
Словак на Наполи му се приклучи во 2007. година, а дојде од редовите на Бреша,
ја наследи капитентската лента во клубот од Паоло Канаваро по седум години.