Ливерпул може непријатно да ги изненади навивачите со замената за Салах

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул продолжува да ја бара потенцијалната замена за Мохамед Салах, а најновото име кое се појавува на листата е прилично изненадувачко, Исмаила Сар од Кристал Палас.

Откако Брајтон постави висока цена за Јанкyба Минте, чија вредност според информациите надминува 90 милиони евра, „црвените“ вниманието го насочиле кон уште еден африкански фудбалер. Станува збор за 28-годишниот Сенегалец Сар.

Иако има сериозно премиерлигашко искуство, Сар досега нема изградено кариера од највисок ранг. Во Англија четири сезони настапуваше за Вотфорд, а последните две години е дел од Кристал Палас. Во меѓувреме помина и една сезона во Олимпик Марсеј, но таму не успеа да остави посебен впечаток.

Најдобриот период во кариерата Сар го имаше под водство на Оливер Гласнер во Палас. За клубот одигра 92 натпревари, на кои постигна 33 гола и запиша 10 асистенции. Во Вотфорд, пак, за четири сезони забележа 34 гола и 19 асистенции.

Сепак, бројките не се баш импресивни ако се има предвид нивото на клубот како што е Ливерпул и очекувањата кои ги носи замената за играч од калибарот на Салах.

Дополнителна интересна статистика е фактот што Сар досега никогаш не настапил во Лигата на шампионите. Има искуство во Лигата на Европа, каде што постигна шест гола и забележа исто толку асистенции, додека во сезоната кога Палас ја освои Конференциската лига, Сенегалецот блесна со девет гола на 13 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×