Сабах во драматичен меч ја помина Бер Шева и ќе игра во ЛШ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во исклучително драматчен меч, по продолженија, Сабах го победи тимот на Хапоел Бер Шева со 5-2 и се пласираше во лигашкиот дел од Лигата на шампионите.

Хапоел Бер Шева на гостувањето отпатува со предност од 2-1 по првиот меч.

Израелскиот тим секунди го делеа од пласман во Лигата на шампионите. Беше 2-2 и течеше 94. минута кога Муталимов со прекрасен волеј погоди за водство на Сабах од 3-2 со што беше израмнет конечниот резултат и мечот отиде во продолженија.

Во 100. минута Диоп заработи втор жолт картон за гостите, а тоа домаќините максимално го искористија, дадоа два гола и дојдоа до победа од 5-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×