169
Со цел да добие поголема минутажа и да напредува, Австрија Виена го прати Филип Антовски на позајмица во Истра.
Истра има опција и да го откупи по крајот на сезоната.
Филип Антовски важеше за еден од најталентираните леви бекови во Македонија, тој е поранешен играч на Вардар, а настапуваше и за вториот тим на Динамо Загреб како и за Славија Софија.
