Официјално: Диего Годин е фудбалер на Интер

by
1 минути читање

Интер чекаше и официјално да заврши договорот на Годин со Атлетико Мадрид и веднаш, во раните утрински часови од новиот месец соопшти дека тој е нивни фудбалер.

„Интер може да соопшти дека е постигнат договор со Диего Годин со трајност до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението на Интер.

Од поодамна беше познато дека искусниот 33-годишен уругвајски дефанзивец ќе биде ново засилување на Интер, но од денеска тој и официјално е член на нероазурите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани