Фудбалерот од
средниот ред изминатиот викенд имаше емотивно простување од Стемфорд Бриџ во ФА
купот и потоа замина за Монако да го комплетира трансферот на „Луј Втори“
стадионот.
Челси сепак малку го
забави трансферот со цел да пронајде замена за Сеск Фабрегас, но вечерва
пристигна официјална потврда.
Монако соопшти
дека Шпанецот ставил потпис на три ипол годишен договор и се обврзал до јуни
2022. Детали од зделката не беа откриени, но се шпекулира дека клубот од малото
кнежевство платил 10 милиони фунти.
„Големо
задоволство ми е што потпишав за Монако, ова е нов проект за мене. Се работи за
квалитетна група, со млади играчи и млад тренер. Тука сум за да помогнам. Со
нетрпение чекам да ја започнам оваа авантура. Во недела не чека голем меч против
Марсеј, и навистина сум возбуден“ – вели Сеск Фабрегас.