22-годишниот фудбалер ги помина медицинските тестови и потпиша договор со Арсенал. Според информациите на медиумите за сума од 26 милиони фунти.
Фудбалерот кој ги одигра сите пет натпревари за Уругвај на Светското првенство ќе добие одмор пред да им се приклучи на преостанатите соиграчи, тоа би требало да се случи на почетокот од август.
„Со Лукас Фереира добивме млад фудбалер кој е многу светол талент во играта. Играч од средниот ред со голем квалитет, уживав гледајќи го како игра за Сампдорија во изминатите две сезони, и сите го гледавме како играше многу добро за Уругвај на Светското првенство“, изјави тренерот Унаи Емери.
„Тој е млад кој веќе има добро искуство, но и кој сака да продолжи да напредува. Му посакуваме добредојде во Арсенал и го чекаме да ни се приклучи на подготовките“.
Тореира е возбуден што ќе игра за Арсенал, тој ќе го носи дресот со бројот 11.
„Се чувствувам многу среќен. Сакам да ги добивам повеќето можности кои животот ми ги озвоможува. Среќен сум што ја стартувам оваа нова авантура“, вели Тореира.