197
Селекторот Милевски направи повеќе измени, ја промени целата дефанзива, но во стартниот тим останаа најголемите ѕвезди, Барди и Елмас, тука е и Алиоски кој за овојмеч доби друга улога, ќе игра офанзивно како лево крилен напаѓач.
На голот е Дамјан Шишковски, стопери се Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, десен бек е Тодор Тодоровски, а лев е Кире Ристевски.
Во средината се Николов, Барди и Елмас, странично ќе напаѓаат Чурлинов и Алиоски, а првпат од првата минута ќе игра напаѓачот Миовски.
