Официјални состави: Енрике и Артета ги одбраа стартерите за вечерашната пресметка

by riste
1 минути читање

Луис Енрике и Микел Артета ги избраа почетните состави со кои ќе ја почнат големата битка за место во финалето од Лигата на шампионите.

ПСЖ има предност остварена во Лондон, па Арсенал ќе биде тимот кој ќе мора да нападне.

Во составот на ПСЖ го нема Дембеле кој не се опорави доволно за да биде стартер.

Донарума е стандардно на голот, во одбраната се Хакими, Маркињос, Пачо и Нуно Мендеш, во средниот ред Жоао Невеш, Витиња и Фабијан Руиз, тројката во нападот е Баркола, Дуе и Кварацхелија.

На голот на Арсенал е Раја, во одбраната се Луис Скели, Кивиор, Салиба и Тимбер, во средниот ред Рајс, Парти и Одегард, а во офанзивата Мартинели, Мерино и Сака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани