Одредени стартните состави за првиот меч на Мундијалот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалските репрезентации на Мексико и Јужна Африка вечерва од 21:00 часот на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити ќе го означат почетокот на Светското првенство 2026.

Селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги објавија стартните состави за првиот натпревар на Мундијалот, а во очи паѓаат неколку важни одлуки кај домаќинот. Во почетниот тим на Мексико нема место за Едсон Алварез, додека напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе ја чека својата шанса од клупата. Меѓу резервите е и искусниот голман Гиљермо Очоа.

Мексико ќе настапи во формација 4-1-4-1: Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, Гутиерез, Фидалго, Кинонес; Хименез.

Јужна Африка ќе започне со формација 5-3-2: Вилијамс; Мудау, Окон, Сибиси, Мбокази, Модиба; Мокоена, Ситхоле, Адамс; Рајнерс, Фостер.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат првиот судиски свиреж со кој и официјално ќе стартува најголемиот фудбалски спектакл во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×