Одредени се паровите за 1/16 финалето во Купот на Македонија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги одреди паровите и термините за натпреварите од 1/16-финалето во Купот на Македонија.

Во оваа рунда ќе се одиграат вкупно 15 натпревари, додека бранителот на трофејот Силекс е единствениот тим кој ќе биде слободен и директно обезбеди пласман во следната фаза.

Поголемиот дел од натпреварите се закажани за 1 или 2 септември, но два дуели ќе се одиграат подоцна. Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Арсими се закажани за 24 септември.

Според натпреварувачките правила, до финалето ќе се игра само еден меч. Доколку по 90 минути нема победник, патникот во следната рунда ќе се решава веднаш преку изведување пенали.

ПАРОВИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕ:

Овче Поле Свети Николе – Вардар

Победа Валандово – Струга Трим Лум

Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930

Могила 2023 – Аресими 1973

БВК Коњари – Башкими 1947

Студеничани – Пелистер

Венец Неготино – АП Брера Струмица

Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932

Вардар Неготино – Работнички

Каменица Саса – Шкупи 1927

Тетекс 1953 – Брегалница 2008

Кожуф Гевгелија – Скопје

Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново

Новаци 2005 – Охрид Лихнидос

Осогово – Беласица

Можно е и ова да ти се допаѓа

×