Во финишот на дербито
помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, Стефан Савиќ и Феран Торес влегоа во
пресметка како да се во ринг а не на фудбалски терен, па сосема заслужено
добија црвен картон.
Се шпекулираше
дека двајцата можат драконски да бидат казнети, односно со пауза од 4 до 12
натпревари.
Сепак,
дисциплинската комисија „борењето“ не го класифицираше како насилен акт, па
Стефан Савиќ и Феран Торес добија по само два натпревари суспензија.
Стефан Савиќ сега
ќе ги пропушти пресметките против Алмерија и Ваљадолид, додека пак Феран Торес
нема да биде во комбинација за дуелите против Хетафе и Џирона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.