120
Фудбалската федерација на Шпанија не ја исполни желбата на Барселона финалето од купот да се игра на Сантијаго Бернабеу, но мечот сепак ќе се игра во Мадрид.
На 27. мај Висенте Калдерон по 14. пат ќе биде домаќин на финалето од купот на Шпанија, втор пат по ред откако и минатата сезона ги нагости двете најдобри екипи во ова натпреварување, тогаш Барселона ја победи Севиља во продолженијата.
Барселона во финалето се квалификуваше откако го елиминираше Атлетико Мадрид, а Алавес преку Селта дојде до првото финале во својата историја.