Фудбалерите на Арсенал вчера низ улиците на Лондон ја прославуваа шампионската титула, прва во англиското првенство по пауза од 22 години, а еден необичен момент од прославата брзо се прошири на социјалните мрежи.
Во центарот на вниманието се најде капитенот Мартин Одегард. Додека играчите се возеа со отворен автобус и ја поздравуваа насобраната публика, норвешкиот репрезентативец во еден момент ја оттурна топката со глава.
Сепак, наместо кон навивачите, топката заврши директно во главата на еден од полицајците задолжени за безбедноста на настанот.
По незгодниот момент, Одегард веднаш реагираше со насмевка и се спушти зад оградата на автобусот, како да сака да остане незабележан од полицаецот кој беше погоден.
Hope not my Captain they arrested yesterday for assaulting a police officer ? 😂😂😂 pic.twitter.com/pliuD81zeB
— Adeyemi of Eruwa 🇳🇬🇬🇧 (@Adeyemi_AFC) June 1, 2026