Заостанатиот
натпревар помеѓу Виљареал и Реал Мадрид заврши без победник. Гостите долго
време беа во водство, но одбраната заспа во финишот па Санти Казорла им откина
два бода на „кралевите“.
Мечот започна со
водство на домаќините. Токму Казорла доби употреблива топка во шеснаесетникот и
Шпанецот пласираше по земја на подалечната статива за 1-0.
Реал Мадрид брзо
се врати во игра, преку Бензема изедначи на 1-1 во 7. минута, а потоа Варан во
20. минута донесе предност од 1-2.
Пред крајот на
првиот дел Лука Модриќ погоди за 1-3, но голот беше поништен поради офсајд. Во
продолжението од мечот, Реал се помалку беше заинтересиран за надигрување па
казната стигна во 82. минута.
Марсело заборави на Казорла, ниту Рамос беше во близина да интервенира, па поранешниот играч на Арсенал иако е низок со глава го матираше Куртоа за 2-2. Со
овој бод, Реал Мадрид остана на четвртата позиција на табелата и сега има -7 во
однос на лидерот Барселона.