Десет милиони
евра, толку му беа потребни на Шалке 04 да дојде до потписот на талентираниот
досегашен фудбалер на англискиот првак Манчестер Сити, Раби Матондо.
Младиот Велшанец
своите почетоци со фудбалската топка ги имаше во академијата на Кардиф, а пред
две години се пресели во младинскиот погон на Манчестер Сити.
Матондо игра во
последната линија од офанзивниот ред, станува збор за талентиран напаѓач, а
извесно е дека ќе има можност да го покаже на дело својот талент уште оваа
сезона, а со тимот од Гелзенкирхен потпиша договор со важност до 2023. година.
Се шпекулира дека Манчестер Сити во договорот со Шалке 04 вметнал и една клаузула, според која, доколку посакува да го врати во своите редови, Премиерлигашот ќе има предност, но со понуда од 55 милиони евра.