Од лошо – полошо за Дани Алвеш, Пумас му бара милионска оштета

by
1 минути читање

Дани Алвеш
минатиот месец заврши зад решетки во Барселона, фудбалерот е обвинет за
сексуален напад и му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.

Инцидентот во ноќниот
клуб му направи проблем и на професионален план, Пумас реши да му го раскине
договорот.

И не само тоа,
клубот од Мексико бара и милионска оштета. Како што пренесуваат медиумите од
Бразил, во договорот имало клаузула според која Дани Алвеш е обврзан да плати 5
милиони долари (околу 4,5 милиони евра) доколку направи дело кое се смета за
криминално според законите на земјата во кое е извршено.

Од таборот на Пумас
дури се заканиле дека ќе го пријaват Дани Алвеш до ФИФА доколку фудбалерот не ја
плати сумата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×