434
Медиумите од Германија пренесуваат дека околу 500 вработени на Борусија Дортмунд бесплатно ќе го следат финалето во Лигата на шампиони на „Вембли“.
„Милионерите“ добиле околу 400.000 барања за билети за финалето во Лигата на шампиони, а пред да почне да се прави селекцијата на навивачите кои ќе добијат можност да се најдат на трибините на „Вембли“, раководството на клубот прво ги израдувало своите вработени.
Околу 500 вработени, од чистачи, па до директори бесплатно ќе го следат натпреварот на сезоната.
Со овој потег, Борусија Дортмунд сака да им се заблагодари на сите кои зад сцената макотрпно работат за да се забележи успех.