Англичанецот во
минатото често запаѓаше во проблеми поради алкохолот а работите очигледно не се
променија ниту „преку барата“. Денеска беше објавено дека Вејн Руни на 16.
декември минатата година завршил зад решетки во Вашингтон.
Инцидентот се
случил на аеродромот Далас, Вејн Руни се враќал од Саудиска Арабија, испил
малку повеќе во авионот, па полициските службеници го привеле поради пијансво на
јавно место.
Напаѓачот веднаш
бил пуштен на слобода откако дал ветување дека ќе се појави пред суд и добил парична глоба од 25 долари, како и трошоци од 91 долар, кои целосно се подмирени на 4.
јануари.
Loudoun County Sheriff’s Office handout photo of former England footballer Wayne Rooney after he was booked into the Loudoun County Adult Detention Center on December 16, 2018 pic.twitter.com/i1cdFk28t0
— Michael Rye (@michaelrye) January 6, 2019