Очајна Аргентина, само реми против Исланд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина разочара на стартот од Светското првенство, одигра очаен натпревар против дисциплинираниот Исланд за кого ова беше деби на Мундијалите, дуелот заврши 1-1.

Аргентина поведе релативно рано, Агуеро реализираше со индивидуална мајсторија во 19. минута за предност од 1-0. 

Но радоста траеше кратко, по само четири минути Финбогасон даде го и го изедначи резултатот на 1-1.

Аргентина се мачеше да дојде до шанса, а идеална можност имаше во 64. минута кога доби пенал. Меси шутираше, лошо го направи тоа, голманот Халдорсон го одбрани неговиот удар.

До крајот на мечот Аргентина имаше уште неколку можности за гол, но ништо сериозно.

Вината за ваквото бледо издание е пред се кај селекторот Сампаоли бидејќи и покрај лошиот резултат Дибала остана на клупата, а Игуаин ги одигра последните десет минути.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва играат Хрватска и Нигерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани