Натпреварот
помеѓу Оксфорд и Арсенал во ФА Купот, кој заврши со победа од 0-3 на „топчиите“,
е под лупа на Фудбалската асоцијација.
Како што
пренесуваат медиумите од „островото“, отворена е истрага откако се добиени докази
за обложувачка измама. Во центарот на скандалот е домашниот играч Кејрон Браун,
имало голему уплати дека тој ќе заработи жолт картон.
Обложувалниците
во прв момент нуделе коефицент 9, а како растеле уплати, пред самиот
почеток на натпреварот, коефициентот паднал на 4,50.
ФА сега го бара мобилниот телефон на Кејрон Браун, неговиот компјутер како и пристап до комуникацијата на социјалните мрежи.
Спортсмејл објави
дека голем број на обложувачи им потврдиле дека „фатиле“ илјадници фунти, но
прашање е дали ќе ги добијат парите, неколку обложувалници ги стопирале
исплатите поради сомнителната шема на уплати и стравувањата за можна корупција.
Кејрон Браун
влезе во бележникот на судијата во 59. минута, тоа беше единствениот жолт
картон на натпреварот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.