Голманот на
Атлетико Мадрид, Јан Облак проговори за интересот кои одредени клубот го имаат
за него, но, додаде дека останувањето во Мадрид е најдобриот пат за него за да
продолжи да освојува трофеи.
„Не можам многу
да говорам на темата зошто не се реализираше мојата преселба во Челси, но, во
летото реков дека преферирам да останам“ вели Облак.
„Не сум
разговарам со ниту еден клуб, тоа го прават мојот агент и луѓето од клубот, се
решив да останам бидејќи видов еден доста добар проект тука, верувам дека ова е
најдобриот пат за мене да освојувам трофеи“ додаде Словенецот кој потоа заклучи дека се гледа себе си во Премиерлигата, и тоа за некоја година.
„Премиерлигата е
интересна, достра атрактивна и навистина би сакал да бидам дел од тоа
натпреварување во некоја фаза од мојата кариера. Се гледам себе си таму, но, не
знам кога, можеби наредната година, можеби за две или пет години“ заклучи 26
годишниот голман на Атлетико Мадрид
кој има важечки договор со шпанскиот прволигаш до 2021. година.