158
Горан Пандев ќе
одигра уште една сезона во Џенова, наскоро ќе пристигне и официјална потврда.
Газета дело Спорт
пренесува дека Македонецот уште пред неколку дена се договорил со претседателот
Енрико Прециози за продолжување на соработката.
Новиот договор на
Горан Пандев е само формалност и се чекаат потписите на документите за популарните
„рособлу“ официјално да соопштат дека напаѓачот ќе биде дел од Серија А и во
сезоната 2021/22.