Медиумите од Италија откриваат нови детали за скандалот кој го тресе Калчото, познат фудбалер забременил една од ескорт девојките, а често се користел и „гас за смеење“ бидејќи не можел да се детектира на допинг тестовите.
Во Милано денеска беше разбиена мрежа за луксузна проституција, организирана група користела агенција за организирање настани како параван за „ексклузивни пакети“ наменети за богати клиенти.
Иако во моментов имињата на клиентите се избришани од налогот што го издал судијата за претходна постапка, медиумите шпекулираат дека во скандалот се инволвирани и до 70 фудбалери од клубови како Интер, Милан, Јувентус, Верона и Сасуоло.
Газета дело Спорт пишува дека познат фудбалер дури и забременил една од ескорт девојките.
„Не кажувај на никого… но направив тест и сум бремена“ – гласела пораката на една од девојките до лице од организираната група.
На забавите исто така често се користело и „гас за смеење“ бидејќи не можел да се детектира на допинг тестовите.
Во моментов ниту еден од фудбалерите не е под истрага бидејќи не направил ништо незаконско. Исто така во моментов не е познато колкумина од нив користеле ескорт услуги и „гас за смеење“.
ФОТО: X/Lega Serie A