Нови проблеми за Мурињо, се однесувал неспортски на римското дерби за деца до 14 години

by
1 минути читање

Според „Ил Месинџеро“ Мурињо е инволивран во нова контроверзија, овојпат е обвинет за неспортско однесување на мечот меѓу Рома и Лацио за деца до 14 години.

Португалецот бил на трибините и бил фатен како му свирка на фудбалер на Лацио, Александру Милиоиу, и им викал на младите играчи на Рома да задржуваат време преправајќи се дека имаат грч.

Мурињо не бил сам, со него на трибините били и дел од фудбалерите од првиот тим, сите тие гласно навивале навредувајќи го противникот, и кажувајќи им на децата на Рома да задржуваат време.

Децата на Рома го добија мечот, а потоа Мурињо направи убав гест, ги покани заедно со сениорите да го прослават триумфот над ривалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани