Башкими ги продолжи договорите со седум играчи

by 24 фудбал
0 минути читање

Башкими 1947 почнува да ги крои плановите за новата сезона во Првата лига клубот денеска официјално потврди дека задржува седум фудбалери кои ќе останат дел од тимот и во сезоната 2025/26.

Ардин Демири, Емир Асани, Самет Реџепи, Мухарем Мислими, Борјан Пановски, Филип Алексовски и Амир Јашар ќе продолжат да го носат дресот на Башкими, а од клубот потенцираат дека задржувањето на основниот костур е еден од приоритетите во подготовките за новите предизвици.

„Зелено-црните“ им се заблагодаруваат на играчите за довербата и посветеноста, и веруваат дека тимот повторно ќе биде конкурентен и борбен во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×