Новата шведска ѕвезда го одби Реал Мадрид и потпиша за Борусија Дортмунд

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд за сума од околу 10 милиони евра го купи тинејџерот Александер Исак од АИК кој се смета за новиот Златан Ибрахимовиќ.

„Александер Исак е еден од најталентираните напаѓачи кој го сакаа многу клубови во Европа. Ние сме среќни што тој ја одбра Борусија Дортмунд. Ние и тој сме уверени дека овој трансфер има голем потенцијал“ – изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

Реал Мадрид го посакуваше Исак, но тој бил советуван да не потпише за кралскиот клуб поради лошото искуство на Мартин Одегард кој со 16 години замина во шпанскиот гигант. Норвежанецот од тогаш имаше само еден настап за првиот тим, а сега е на позајмица во Херенвен.

Исак стана најмладиот играч за сениорската шведска репрезентација и најмлад стрелец за националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани