Фудбалската федерација на Македонија им излезе во пресрет на Шкендија и Шкупи кои утре ги играат првите мечеви од третото коло во квалификациите.
Шкупи во Лига Европа гостува игра со Шамрок од Ирска, додека Шкендија во Конференциската лига игра со АИК од Стокхолм.
Поради ова ФФМ ги одложи мечевите, Шкупи наместо престојниот викенд во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува на 7 септември, а Шкендија со Скопје ќе игра на 17 август. Во првото коло Македонија Ѓорче Петров е слободна поради тоа што беше предвидено да игра со Ренова која се откажа.
Во првото коло ќе има само три натпревари, сезоната ја отвораат Струга Трим Лум и Победа во сабота од 17:30 часот, додека во недела играат Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница, двете во 17:30 часот.