Новајлијата Хасукиќ го урна Динамо Минск за триумф на Силекс! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Силекс со минимална, но значајна предност ќе го дочека реваншот против Динамо Минск, откако кратовчани славеа со 1:0 во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига, одигран на неутрален терен.

Дуелот не изобилуваше со возбудувања и големи можности, бидејќи двете екипи играа претпазливо и тешко создаваа шанси пред противничките голови. Клучниот момент се случи непосредно пред паузата, кога Силекс избори пенал, а новото засилување Есмир Хасукиќ беше прецизен од белата точка и го постигна својот прв погодок во дресот на освојувачот на Купот на Македонија.

Во второто полувреме белорускиот тим имаше поголема контрола на топката, но не успеа сериозно да го загрози голот на Џеков.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×