Бугарија и
Македонија синоќа одиграа 1-1 во Разград, „црвено-жолтите“ има за што да жалат
откако беа подобар противник на теренот но им недостасуваше подобра завршнница.
Но така не гледа
на работите Венцислав Стефанов, првиот човек на Славија Софија однво излезе со
провокативни коментари.
„Македонија на моменти
беше поофанзивна и поорганизирана, но ако ни беа досудени двата прекршока при
голот на противникот, нашата селекција ќе победеше. Судијата дефинитивно им помогна, според мене,
пеналот беше чист како солза! Шутот одеше кон голот и се понатака беше
измислено само за да не победиме“ – вели Венцислав Стефанов.
Тој потоа додаде:
„Моето потекло е од Битола, но не сум Македонец, јас сум Бугарин! Нека знаат
тие кои се прават големи патриоти, Македонија е Југозападна Бугарија. Бев таму
еднаш пред многу години, ме сопреа на улица и ме проверуваа да не сум шпион“.