Нова бура во Италија, обвинителот во случајот на Јувентус порачал: Навивач сум на Наполи, ги мразам „бјанконерите“

by
2 минути читање

„Старата дама“ се
најде во сериозни проблеми откако обвинителството во Торино покрена обвинение, Јувентус
ги „штелувал“ сметките и билансите со нереални суми на зделки, а биле сокриени
и три плати на фудбалерите.

Како резултат на
истрагата „Призма“, Фудбалската федерација на Италија повторно го отвори
случајот за „надуваните“ цени на фудбалерите кои биле трампани со цел да се
забележи капитална добивка при трансферите, и го казни Јувентус со 15 бода.

И додека се чека
исходот на целиот случај и се зборува за нова уште построга казна, на
социјаните мрежи се појавија видеа кои предизвикаа бура. Еден од главните
обвинители во случајот „Призма“ признава дека е навивач на Наполи.

На едно видео од конференција во 2019, Чиро Санториело вели: „Признавам, јас сум огромен навивач
на Наполи и го мразам Јувентус“.

На друго видео
кое кружи на социјалните мрежи, водителот на настанот на шега вели:
„Има разлика помеѓу нас двајцата, ти си обвинител а јас сум адвокат, ти навиваш
за Наполи а јас навивам за Интер“.

Чиро Санториело
на ова одговара: „Добро е се додека не станува збор за Јувентус“.

Ваквите коментари
отвараат простор за дилема и се поставува прашањето колку Чиро Санториело е непристрасен
во истрагата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани