Нов срам за Реал, Сосиедад триумфираше на Бернабеу по повеќе од 14 години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првиот домашен
натпревар за „Кралевите“ во 2019 не заврши според планот. Пред полупразни
трибини (втора најмала посетеност во Ла Лига оваа сезона), Реал Мадрид загуби
во пресметката со Реал Сосиедад.

Гостите рано
дојдоа во водство, Вилијан Жозе погоди од белата точка веќе во 3. минута.
Избраниците на Солари потоа притиснаа, го имаа поседот на топката и креира
неколку добри шанси но Руљи беше извонреден на голот и не дозволи да биде
совладан.

По еден час игра,
Реал Мадрид остана со играч помалку откако Вазкез доби втор жолт картон, но
ниту ова не ги спречи домаќините да продолжат да напаѓаат. Сепак, во финишот
од мечот по една брза контра, Пардо погоди со глава за 0-2 и ја обезбеди првата
победа за Реал Сосиедад на Сантијаго Бернабеу по 14 години и 8 месеци.

Натпреварот го
одбележа и еден спорен момент, кога Винисиус беше соборен од голманот Руљи во
65. минута од мечот. Судијата не досуди ништо а и ВАР не се огласи иако се чини
дека имаше доволно елементи за пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани