Нов сериозен удар за Тотнем, романскиот стопер мора на операција и ја заврши сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Раду Драгушин е последниот во плејадата повредени фудбалери во редовите на Тотнем.

Романскиот дефанзивец кој минатата година пристигна од редовите на Џенова за 25 милиони евра, сега се здоби со потешка повреда. Тој на мечот против Елфсборд од Лигата на Европа беше заменет во 66. минута.

Лекарските прегледи укажаа дека ги скина предните вкрстени лигаментит во десното колено и ќе мора да биде опериран.

Драгушин сега ќе отсуствува долго време, за него заврши сезоната, а тоа е нов проблем за тренерот Анге Постекоглу. Тотнем има сериозни проблеми со повредите. Отсутни моментално се голманот Викарио, Тимо Вернер, Дестини Удоги, Доминик Соланке, Кристијан Ромеро, Џејмс Медисон, како и младите Одоберт и Џонсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани