Кипембе има повреда на ахиловата тетива што значи најмалку пет месеци пауза, ако не и повеќе (Италијанецот Спинацола паузираше цела година), а оваа вест за потешката повреда на дефанзивецот ја соопшти тренерот на ПСЖ, Кристов Галтие.
Парижаните ќе ги сочекаат лекарските прегледи за точна дијагноза, но малкумина веруваат дека тие би биле поинакви од првичните проценки.
Кипембе веќе подолго време се мачеше со оваа повреда, а поради истата не беше дел од Франција на Светското првенство во Катар лани.
Оваа повреда на Кипембе доаѓа откако ПСЖ веќе најмалку на еден месец поради оштетувања на скочниот зглоб го загуби и Нејмар, кој сигурно ќе го пропушти реваншот со Баерн во Минхен закажан за 8 март.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.