Нов проблем за Аморим: Сезоната за Лисандро е завршена!

by Стефан
1 минути читање

На Манчестер јунајтед не му оди ниту со Рубен Аморим на клупата, а сега „црвените ѓаволи“ добија уште една лоша вест.

Лисандро Maртинез се повреди во вчерашниот пораз од Кристал Палас и денешните прегледи покажале дека повредата е сериозна. Аргентинскиот новинар, Гастон Едул, објави дека за Лопез актуелната сезона е завршена.

Проблем за Аморим е што зимскиот преоден рок завршува вечерва и тимот нема многу време да доведе негова замена.

Во јануарскиот преоден рок, Манчестер јунајтед ги доведе Патрик Доргу од Лече и 18-годишниот Ејден Хевен од Арсенал кој се уште не дебитирал во Премиер лигата.

На стоперските позиции Аморим во овој момент ги има: Лени Јоро, Хари Мегваер, Матијас Де Лихт, Виктор Линелоф, како и споменатиот Хевен кој веројатно се уште не е спремен за настап со првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани