Нов пораз, нов меч без даден гол – загубивме од Словенија!

by riste
1 минути читање

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, загубивме на гостувањето кај Словенија со 2-0, се покажавме во подобро светло од дуелот Швајцарија, но тоа не беше доволно за да се вратиме со добар резултат од Љубљана.

Македонија врза шест натпревари без постигнат гол, десет мечеви без победа. Словенија беше идеална селекција за да прекинеме барем една од овие две црни серии, но не успеавме, запишуваме нов неуспех.

Словенија тргна офанзивно од првата минута и малку фалеше да поведе по само неколку секунди игра. Випотник од добра позиција ја погоди пречката од голот на Димитриевски.

Брзо потоа Македонија можеше да постигне гол, Елези се најде во идеална шанса, биеше, но шутот му беше блокиран, заврши во корнер.

Во продолжението од првото полувреме Словенија беше поофанзивна, имаше неколку шанси, но успеа да постигне гол.

Словенците и на почетокот од вториот дел имаа голема шанса, но ударот на Штурм заврши крај голот на Димитриевски.

Селекторот на Словенија виде дека левата страна ни е слабата точка и во вториот дел го нападна токму тој дел од теренот.

Во 55. минута Словенците дадоа гол, Ловриќ биеше, топката го удри Маличи и заврши во мрежата на Македонија.

Откако го примивме голот заигравме подобро, почнавме да напаѓаме во бранови, Словенија се бранеше.

Кога ние го имавме моментумот, Словенците изведоа брза контра и со гол на Матко поведе со 2-0. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×