Се работи за офанзивен играч од средниот ред кој подолго време бил следен од големи клубови. Еден од заинтересираните бил и Милан, но Џенова победила во трката по потписот на Македонецот.
Интересот на бројните скаути му го донел и прекарот „новиот Милинковиќ-Савиќ“, поради стилот на игра и висината од 182 сантиметри.
Георгиевски поседува и француски пасош, а тоа му го олеснува настапот во Италија бидејќи може да биде запишан како фудбалер од Европската Унија.
Тој има играно за младинските репрезентации на Македонија до 15, 16 и 17 години.
Италијанските медиуми го истакнуваат како вториот Македонец во Џенова по Горан Пандев кој остави голем траг во овој клуб каде остана седум сезони.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.