195
Бојан Миовски не
го дава врвот кога е во прашање листата на стрелци во првенството на Шкотска, Македонецот
вечерва стигна до погодокот број 11.
На натпреварот
помеѓу Абердин и Данди јунајтед, Бојан Миовски прецизно стрелаше од белата
точка и донесе победа од 1-0.
Со новите три
бода, Абердин е на третото место на табелата зад Селтик и Ренџерс.