Одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на Фоларин Балогун предизвика големи реакции, а сега се појавија нови информации кои дополнително ја разбрануваа јавноста.
Според најновите откритија, одлуката не била донесена од целата Дисциплинска комисија, туку единствено од нејзиниот претседател Мохамад Ал Камали. Toj без консултација со останатите членови решил да го поништи црвениот картон на американскиот напаѓач.
Начинот на кој е донесена одлуката отвори бројни прашања околу процедурата во ФИФА и предизвика критики од фудбалската јавност.
Сепак, укинувањето на казната немаше влијание врз настапот на САД, кои беа убедливо поразени од Белгија со 4-1 и го завршија настапот на Светското првенство.