Норвежаните не запираат: Започнаа со јајца, продолжија со прасе, а сега најдобриот на теренот доби – живо јагне!

by Стефан
1 минути читање

Норвешкиот клуб Брине пордолжува да го привлекува вниманието на јавноста со наградите за своите најдобри фудбалери на натпреварот.

Започнаа со четири табли јајца, потоа со печено прасе, а сега Аксел Кригер од редовите на овој тим си доби и – живо јагне.

Брине се радуваше на победа од 3-1 проив Хаугесунд и Аксел во овој натпревар беше најдобар на теренот, па дома си замина со необична награда.

Фото: Bryne FK 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани