Германија со поголемо внимание од вообичаеното ќе влезе во денешниот меч против Македонија. Поразот во Дуизбург е историски за нас, првпат на гостински терен против селекција од највисокиот ранг.
Но, тој е незаборавен и за Германците, бидејќи претходно само двапати загубиле на свој терен во едни квалификациите за СП, еднаш од Португалија во 1985 и вторпат од Англија во 2001 година.
За вечерашниот натпревар и двете селекции имаат нови селектори, Благоја Милевски го замени Игор Ангеловски, а на местото од Јоаким Лев на клупата на Германија седна Ханси Флик.
Се очекува многу поразличен меч од дуелот во Дуизбург, но тоа е меч на кој мора да се потсетиме пред вечерашниот спектакл.
Горан Пандев и Елиф Елмас ги постигнаа головите кои ја разбрануваа германската јавност, а донесоа голема радост во Македонија.