Секој трансфер
период, Сергеј Милинковиќ Савиќ се поврзува со заминување од Лацио, последните информации
велат дека Њукасл тргнал во офанзива.
Според пишувањата
на Ил Месаџеро, клубот од Премиерлигата на Лацио му нуди 60 милиони евра. За
Србинот е подготвена три пати поголема плата од таа што ја заработува во
моментов, односно 10 милиони евра по сезона. За предлогот да биде попримамлив,
на СМС му е ветен и бонус за потпис од 12 милиони евра.
Извори од Лацио за
Калчомеркато брифираат дека немаат добиено ваква понуда и цената на Сергеј
Милинковиќ Савиќ е многу повисока, односно помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Сепак, прашање е
дали „бјанкочелестите“ ќе можат да добијат ваква сума со оглед на тоа дека
договорот на Србинот истекува во јуни 2024, и во моментов нема преговори за
продолжување на соработката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.